Додека Конор Галагер не биде „зрел“ за првиот тим на Челзи, младиот играч за врска ќе се сели по позајмици. Но, неговата девојка, Инстаграм моделот Ејни Меј Кенеди, веќе е подготвена да ги „украде“ светлата на најголемите сцени.
Додека младиот играч настапува за Вест Бромвич Албион, Кенеди блеска на социјалните мрежи. Иако Конор има само 20 години, сепак тој е дете на Челзи. Од осмата година е во клубот, ги поминал сите категории, но се чини дека неговата девојка со него има се. Веројатно платата од 500 илјади фунти годишно е доволна.

