Завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи во Лисабон.
Осумте најдобри екипи во Европа ќе се обидат да ја освојат титулата шампион на Стариот континент, а името на новиот шампион ќе биде познато на 23 август.
УЕФА обезбеди навистина фантастични услови за сите екипи во Португалија. Нивната безбедност е загарантирана и тие ќе можат без проблеми да ја започнат битката за титулата најдобар тим во Европа.


А како изгледаат хотелите каде екипите ќе се подготват за натпреварите, покажаа од Баерн. Се разбира, сè е на највисоко ниво и нема сомнение дека играчите ќе уживаат во тоа.

Потсетуваме, завршниот турнир на еден добиен натпревар, а во четвртфиналето ќе се сретнат:
РБ Лајпциг – Атлетико
Аталанта – ПСЖ
Манчестер Сити – Лион
Барселона – Баерн