Фудбалскиот клуб Осогово од Кочани ги насмеа сите љубители на фудбалот. Имено, поради епидемијата со коронавирусот, ФФМ донесе посебни одлуки со кои нема да има испаѓање од Втората лига. Тие се натпреваруваат во Втората лига –Исток и се на претпоследното место на табелата.
-Таман го средивме за сеидба и оп, остануваме и следната сезона во Втора лига, напишаа администраторите на клубот, на фејсбук.