ФОТО ФК ВАРДАР
Утринава тимот на Вардар замина на подготовки во Анталија, Турција. Според планот „Вардарци“ попладнево треба да пристигнат во турскиот туристички центар, и таму ќе бидат до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје.
Како што е познато, покрај тренинзите, ќе бидат одиграни и шест контролни натпревари, со цел екипата подобро да се воигра за пролетниот дел од сезоната.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ ВО АНТАЛИЈА:
20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)
23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)
26.01. – Вардар – Бачка Топола (Србија)
29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)
02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)
03.02. – Вардар – Мура (Словенија)