ФУДБАЛ

ФОТО: Во Баерн сите се фаќаа за глава уште во првата минута и не изгледа добро

Баерн води против Ајнтрахт Франкфурт со головите на Роберт Левандовски од 2-0, но сето ова сега е во втор план.

Само што започна натпреварот, еден од најстандардните играчи на Баерн, Алфонсо Дејвис, ја повреди десната нога.

Тој веднаш го напушти теренот, а во Баерн се фаќаат за глава и се молат да не биде толку тешко повреден, но не изгледа најдобро, што може да се види на видеата од социјалните мрежи.