Иранката Фатемех Хамами (31) на сите во светот, кои се соочуваат со одреден вид на здравствен проблем или се лица со посебни потреби, може да биде инспирација. Фатемех е 85 проценти парализирана, но тоа не ја спречило да ја пронајде својата уметничка страна.
Покрај проблемите, таа успева да го исполни сонот и да црта портрети. Таа е голем фан на фудбалот, но и Кристијано Роналдо, па се одлучи да наслика негов портрет. На инстаграм профилот на фудбалскиот портал „433“ собра 1,3 милиони лајкови за само неколку часа.
Таа направила портрет и на Меси, но и бројни други личности. На Инстаграм има 100 илјади пријатели.