Плочата со ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев повторно го краси плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.
На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова плоча со ѕвездата.
Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.
-Верувам дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси со коишто ја промовира нашата општина и нашата држава, изјави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
?Плоштадот „Гоце Делчев“ од денеска повторно го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда, Горан Пандев.
✅На местото…
Posted by Коста Јаневски on Thursday, 18 February 2021