ФУДБАЛ

Фотографија која крши срца: Роналдо дојде на тренинг, а изразот на неговото лице кажуваше се (ФОТО)

Кристијано Роналдо синоќа не настапи за Манчестер Јунајтед на натпреварот против Ливерпул поради трагедијата што го снајде неговото семејство.

Имено, Роналдо во понеделникот објави дека тој и неговата избраничка Георгина го загубиле синот при породување. Георгина требаше да роди близнаци, но за жал породувањето не помина како што се надеваа.

Таа роди девојче, но за жал нејзиниот син почина, што сериозно ги потресе Роналдо и Георгина. Португалецот ја потврди тажната вест на социјалните мрежи, а доби огромна поддршка од целиот свет.

Дури и навивачите на Ливерпул синоќа на „Енфилд“ аплаудираа во седмата минута од натпреварот во знак на поддршка за Роналдо бидејќи е јасно каква трагедија е кога родител ќе загуби дете.

Сепак, Роналдо денеска се појави во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед каде ги одработи сите тренинзи, а потоа замина дома за повторно да биде со Георгина и неговите деца.

Но, фоторепортерите успеаја да го уловат моментот кога Роналдо си замина и на неговото лице се гледаше сета тага што ја чувствува поради загубата на детето. На Кристијано секако не му беше лесно да тренира денеска, но уште еднаш покажа за каков професионалец се работи.

Роналдо бил во друштво на телохранители кои го возеле автомобилот додека седел на задното седиште. Изразот на лицето на еден од најдобрите играчи на сите времиња најдобро ја отсликува трагедијата што го снајде него и неговото семејство.