Жена од Украина стана првата личност во нејзината земја која го достигна врвот на Монт Еверест, во експедиција чија цел беше да се покаже „непобедливоста на украинскиот дух“
Триесет и тригодишната Антонина Самоилова се надева дека нејзиниот потег ќе го подигне духот на Украинците и претседателот Володимир Зеленски додека Русија продолжува да ја бомбардира Украина во агресијата што започна на 24 февруари.
Инаку, како што кажа и самата Антонина Самоилова, нејзиниот татко и брат се на бојното поле и се борат да ја одбранат Украина.
„Украинското знаме треба да се вее на покривот на светот – особено кога нашите луѓе минуваат низ такви тешки времиња – како симбол на непобедливоста на украинскиот дух“, изјави Антонина Самоилова за Everest Chronicle.
View this post on Instagram
Антонина Самоилова се искачи на многу од највисоките планини во светот и во последен момент донесе одлука да го достигне врвот на Еверест.