Многу познати личности синоќа пристигнаа во Париз за да го проследат финалето на Лигата на шампионите.
Синоќа во Париз можевме да видиме навистина огромен број луѓе од светот на спортот, а познатиот НБА кошаркар Руди Гоберт успеа стигна на финалето од Лигата на шампионите.
Гоберт е на одмор по уште една сезона во НБА и ја искористи можноста во живо да го проследи натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
НБА ѕвездата по мечот успеа да влезе на теренот и да се фотографира со некои играчи. Но, една од фотографиите особено дојде до израз.
Станува збор за фотографија на Гобер и Еден Азар која насмеа многумина. Јасно е дека разликата во висината меѓу двајцата е доста голема, а тоа ја насмеа јавноста, а многумина велеа дека изгледа како Гобер да го донел својот син на мечот.

Покрај Азар, НБА кошаркарот ја искористи приликата да се слика и со Бензема и Куртоа, а сето тоа го објави на Инстаграм.
View this post on Instagram