Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Милан, оваа сезона нема одиграно ниту една минута поради повреда.
Повредата на коленото долго време го делеше од теренот, а сега е се поблиску до враќање на теренот откако минатиот викенд беше на клупата против Торино (1:0). Против Тотенхем (1:0) го немаше во протоколот бидејќи не беше пријавен за Лигата на шампионите.
Можно е првиот натпревар да го одигра против Монца во сабота, доколку тренерот Стефано Пиоли реши да го стори тоа, а би можел многу лесно.
Популарниот Ибра одигра оваа среда на пријателскиот натпревар помеѓу првата и младинската екипа на Милан (до 18 години). Главната вест е дека 41-годишниот Швеѓанец играше за младинскиот тим и во нападот со сопствениот син Максимилијан.
Zlatan Ibrahimović was involved today in training game vs U-18 team of AC Milan and… together with his son Maximilian 🔴⚫️🇸🇪 #ACMilan
Zlatan, 1981.
Maximilian, 2006. pic.twitter.com/241qG5QLDQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 15, 2023
Макси Ибрахимовиќ има 16 години, а заедно со својот татко ги предводеше јуниорите на Росонерите кои загубија со 3:0 од резервите на првиот тим.
Ќе остане запишано дека Ибрахимовиќ беа во напаѓачки тандем.
