ФУДБАЛ

Франк Рибери е жртва на грабеж

Крилниот напаѓач на Фиорентина, Франк Рибери е жртва на грабеж што се случил доцна синоќа во Фиренца.

Имено, куќа во сопственост на фудбалер кој игра за Фиорентина била ограбена во време кога никој не бил таму.

Според полицискиот извештај, крадците следеле кога семејството на Рибери не било дома, и тие ја искористиле ситуацијата за да го извршат грабежот.

Сè уште не се знае колкава е направената штета, и што е украдено од неговиот дом, но се претпоставува дека загубата ќе биде голема.

Наводно, исчезнале голем број вредни артикли, како и накит, ѓердани и некои други предмети што имаат исклучително голема материјална вредност.