ФУДБАЛ

Франко Фода: Нема да ја потцениме Македонија во никој случај

Македонија на 16 ноември, ќе гостува кај Австрија.

Селекцијата на Австрија, на домашен терен, ќе се обиде да дојде до нови три бода, на натпреварот за квалификациите за Европското првенство 2020.

Селекторот на Австрија, Франко Фода, изјави дека нема да ја потцене Македонија.

„Нема да ја потцениме Македонија во никој случај. Иако победивме лесно на гостински терен, мораше да се бориме напорно 30-40 минути. После тоа се случија многу работи во наша корист. Јасно е дека очекуваме да победиме на овој натпревар. Но, тоа нема да се случи без посветеност, концентрација и многу добар настап“, вели Франко Фода.