Лионел Меси сака Нејмар да се врати во Барселона.
„Франс Фудбал“ тврди дека Меси, преку „WhatsApp“, му рекол на својот поранешен соиграч да се врати и дека тие можат да ја освојат Лигата на шампионите само заедно, но, исто така, вети дека ќе му дадат позиција на прва ѕвезда на клубот.
„Само ние можеме да ја освоиме Лигата на шампионите заедно. Сакам да се вратиш. Јас ќе заминам за две години и ќе бидш сам, ќе го заземеш моето место“, наводно, му напиша Меси на Нејмару.
Барселона донесе големи sвезди како Кутињо, Дембеле, Гризман … но Меси смета дека само Нејмар би бил доволно добар за да биде негов наследник на „Камп Ноу“.
Исто така, познато е дека Нејмар летово беше близу да се врати во Барселона, но ПСЖ на крајот го спречи трансферот, но прашање е на време кога Бразилецот повторно ќе го носи дресот на Барса.