Португалецот од Барселона кариерата ја продолжува во Вулверхемптон.
Вулверхемптон исто така официјално го претстави Португалецот како второ засилување оваа година. Тој доаѓа на заем.
Се верува дека договорот меѓу клубовите е таков што англискиот клуб има можност да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 25 милиони фунти.
21-годишниот португалски репрезентативец минатата сезона одигра 42 натпревари за Барса и постигна три гола, но проценката на Роналд Куман и стручниот штаб е дека не им е потребен во сезоната 2021/22.
Пред него, Вулверхемптон го донесе колумбискиот дефанзивец Јерсон Москр. Францускиот лев бек Рајан Аит-Нури исто така треба да се приклучи на трајна основа за околу 10 милиони фунти, откако минатата сезона играше на позајмица во Молинеукс.
Our second summer arrival… #WelcomeTrincão
✍️🐺 pic.twitter.com/kq6da2S2jG
— Wolves (@Wolves) July 4, 2021