Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз од Франција на стартот од Европското првенство, чии кодомаќини се Македонија, Црна Гора и Словенија. Избраничките на селекторот Савевски имаа сили да се спротивстават на фаворизираната Франција само во воведните неколку минути. Благодарејќи на нивното искуство, но и на голманката Флориа Андре, како поминуваа минутите, така Франција го зголемуваше водството. На полувремето седум разлика, 12:5, а на крајот убедлив триумф 24:10. Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Моника Јанеска со пет погодоци, по три постигнаа Сара Ристовска и Јована Саздовска. Кај победникот Корел Ласурс јапредводеше листата на стрелци со четири погодоци.
Следниот меч нашите ракометарки го играат на 7-ми ноември против селекцијата на Холандија.
РЕЗУЛТАТИ, ЕХФ ЕУРО 2022/ЖЕНИ
ГРУПА А (Љубљана)
НОРВЕШКА – ХРВАТСКА 32:23
УНГАРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 33:28
ГРУПА Б (Цеље)
ДАНСКА – СЛОВЕНИЈА 26:26
ШВЕДСКА –СРБИЈА 27:21
ГРУПА Ц (Скопје)
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 24:14.
ХОЛАНДИЈА – РОМАНИЈА (20ч)
ГРУПА Д (Подгорица)
ЦРНА ГОРА – ШПАНИЈА 30:23
ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА (20Ч)