Со голот на Лука Карабатиќ постигнат пред самиот звук на сирената, репрезентацијата на Франција го победи Египет со 34:33 во второто полуфинале на Светското ракометно првенство.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Првото полувреме во „Арена Загреб“ помина во изедначена игра се до самиот финиш кога Франција направи предност од четири гола (18:14). На почетокот на вториот дел фаворитот во два наврата имаше и плус пет, но Египет не се предаваше и постепено се приближуваше за во финишот да се влезе со резултатска рамнотежа.
Во последната минута Французите постигнаа гола за водство 33:32, африканскиот шампион изедначи на три-четири секунди пред крајот. Следуваше брз центар и гол на Карабатиќ на 0,3 секунди пред звукот на сирената за конечна победа и пласман помеѓу четирите најдобри. Македонскиот судиски двоец Начевски и Николов кој ја делеше правдата на овој меч мораше да ја прегледуваат ВАР снимката за да се уверат дали голот е регуларен. На крајот голот важеше и Франција победи.
Во полуфиналето в четврток Франција ќе игра со Хрватска.
