ФУДБАЛ

Француските клубови веќе одредија датум за почеток на новата сезона

Пандемијата на коронавирус предизвика хаос во францускиот фудбал како и во повеќето европски лиги, со исклучок на Белорусија.

Многу клубови се наоѓаат во тешка состојба, меѓутоа, државните институции и фудбалските здруженија не успеваат да најдат решение за тековната и следната сезона.

По вчерашната средба преку видео конференција, клубовите од Лига 1 решија да ја започнат следната сезона за викендот од 22. и 23. август.

Сепак, здравствената состојба во Франција и УЕФА може да ги промени плановите. Кровната европска организација за август го планира финале во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Со оглед на тоа што Европското првенство ќе се игра следното лето, следната натпреварувачка година ќе се игра со забрзано темпо и буквално без одмор.

ПОВРЗАНО

Лига Европа