Членот на генерацијата што го освои Светското првенство во 2018 година во Русија, Адил Рами потпиша договор со тимот на Сочи пред неколку месеци.
Овој 34-годишен дефанзивец доби понуда што не се одбива од Русија и неговиот договор требаше да важи на 30 јуни.
Сепак, како и многу фудбалери ширум светот, Рами е принуден да се заштити од коронавирусот. Во изјава за РМЦ, тој рече дека се плаши дека неговата кариера може да заврши.
„Шампионатот се прекина и мислам дека ова може да трае подолго од очекуваното. Јас ги слушам лекарите бидејќи во Сочи нема карантин и клубот ни рече да избегнеме масовни собири“, рече Рами и продолжи:
„Но, ова е голем проблем. Тука е нормален животот. Сите се на улица, секој си го живее животот, а јас не можам да се вратам во Франција. Имам 34 години, буквално сум затворен тука и се плашам дека после се нема да можам да играм фудбал. Ми недостасуваат децата, но морам да чекам и да бидам трпелив“, рече Рами.
Пред да замине за Русија, Рами играше за Фенербахче, а во својата кариера има настапувано за Марсеј, Севилја, Милан, Валенсија и Лил.