Најмоќните европски земји ги преземаат сите можни чекори за да ја запрат руската инвазија на Украина.
Досега се изречени голем број суспензии, а цехот покрај спортистите сега почнуваат да го плаќаат и обичните љубители на фудбалот.
Првиот радикален потег го направија француските власти кои по малку нечувствително и неочекувано решија да ги казнат сите љубители на фудбалот од Русија.
Имено, Французите го суспендираа договорот за ТВ правата со рускиот „Матч ТВ“, па практично е невозможно да се гледа Лига 1 во Русија.
Шефовите на ЛФП претходно најавија дека постои можност договорот да биде суспендиран, што на крајот и се случи.
Руската телевизија „Матч“ потпиша тригодишен договор со Лига 1 во август минатата година, но сега фудбалските фанови во Русија не ги гледаат Лионел Меси и другите ѕвезди.
Некако Лига 1 е најгласна во борбата против руската инвазија заедно со Премиершип кој исто така размислува да го суспендира договорот со Русите.