Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг го критикуваше Хетафе за забавување на играта на натпреварот помеѓу двата тима синоќа. Натпреварот на кој шампионите гостуваа заврши нерешено 0:0.
Судијата Цезар Сото Градо додаде 10 минути на првото полувреме, а на вториот дел 9. Холанѓанецот е револтиран од постапките на противникот и од одлуката на Ла Лига.

“Срамота е што Ла Лига донесе таква одлука. Хетафе загуби 20-30 минути. Срамота! Судиите и Ла Лига треба да донесат други одлуки. Судиите да престанат да губат време. Но, ние мора да бидеме подобри”, изјави Де Јонг, цитиран од „Мундо Депортиво“.
