Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар (30) по се изгледа ќе го напушти ПСЖ на крајот од оваа сезона.
Најскапиот фудбалер на светот, за кого ПСЖ во 2017 година во и плати на Барселона нереални 222 милиони евра, не покажа апсолутно ништо, па се почесто се зборува за негово заминување.
Шпанските медиуми пишуваат дека неговата епизода во Париз завршила. Неговите услуги веќе се понудени на голем број клубови, вклучувајќи ја и Барселона, а раководството на ПСЖ нема ништо против тоа, Нејмар да си замине.
Тој е еден од играчите од кои клубот сака да се ослободи. Едноставно даваат премногу пари за неговите услуги, кои се, најблаго кажано, катастрофални.
Нејмар беше одличен во натпреварите во Лига 1. Постигнуваше голови и асистираше, но во Европа тој не направи апсолутно ништо со клубот во изминатите пет години.
Исто така, Бразилецот пропушти огромен број натпревари поради повреди, па не е ни чудо што сакаат да се ослободат од него во Париз.
Нејмар за ПСЖ одигра 126 натпревари и има постигнато гол од 92 гола и 57 асистенции.