Фудбалерите на Арсенал против Карабах во рамките од натпреварот од Лигата на Европа кој се игра во Баку, ќе патува без еден од своите најдобри фудбалери од бизарни причини.
„Топџиите“ нема да може да сметаат на ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан. Азербејџан и Ерменија се политички непријатели, па од лондонскиот тим проценето е подобро Мхитарјан да не патува на тој натпревар.
Медиумите во Британија ја дознаа оваа информација и ја пренесоа дека Мхитарјан во договор со Емери се договорил да не игра на овој меч и да остане во Лондон.
Извор: ТВ21