На трибините на стадионот имаше околу 40.000 навивачи, кои беа видно незадоволни поради лошата игра на Барселона против Баерн Минхен (0:3).
Играчите претрпеа критики и свирежи за време на играта, а најлош беше Серхи Роберто, кој е еден од капитените на тимот. Роберто беше изваден од игра во 59-та минута, а на негово место Куман го пушти младиот Демир. Кога влегол во соблекувалната бил целосно скршен. Плачел неутешно, а охрабрувањето од Бускетс и Пике не помогнало.
По натпреварот, Пике застана во одбрана и на својот помлад колега.
-Бев погоден бидејќи го знам како личност, тој е фантастично човечко суштество и би направил се за овој клуб. Ги потсетувам луѓето дека тој не е крило или дефанзивец, туку играч од средниот ред кој мораше да се жртвува за да се прилагоди. Луѓето сакаат да изразуваат мислење, но мене тоа ме боли , вели Пике.