23 годишниот Жуниор Самбија итно бил префрлен на интензивна нега поради респираторни проблеми што укажува на тоа дека играчот можеби е позитивен на коронавирус.
Оваа информација сè уште не добила потврда од францускиот клуб, но елитниот „Л’Екип“ тврди дека 23-годишниот фудбалер поради влошената здравствена состојба моментално е на интензивна нега.
Од Монпелје се уште не се имаат јавено со официјална потврда за случајот и поради која причина Самбија е примен на интензивна нега, но „Л’Екип“ пренесува дека станува збор за коронавирус
Самбиа е член на Монпелје од 2018 година, а претходно една сезона настапуваше како позајмен играч. Својата кариера ја започна во Ниор, од каде се пресели во Монпелје.