ТАЈМАУТ

Фудбалер од Франција по втор пат уапсен поради тоа што мастурбирал на јавно место

Крилниот напаѓач на францускиот тим Анже, Фарид ел Мелали наводно по втор пат оваа сезона е уапсен поради мастурбација на јавно место. Француските медиуми објавија дека локалната полиција го испрашувала 22-годишниот фудбалер со алжирско потекло, откако втор пат добиле жалба од непознато лице.

Информациите велат дека најновата жалба е одвоена од онаа во мај, за кои тој чека судење кон крајот на летово.