Фудбалерите на Баерн синоќа ја победија Херта со 1-0 во 20-то коло во Бундес-лигата.
Баварците успеаја да стигнат до трите бода во Берлин, иако натпреварот се играше на нешто потежок терен поради снегот што паѓаше во главниот град на Германија.
По натпреварот против Херта, беше планирано фудбалерите на Баерн веднаш да заминат во Доха каде треба да играат на Светско клупско.
Но нивниот план не помина како што треба бидејќи играчите на Баерн поминаа дури седум часа на аеродромот во Берлин. Снегот создаде големи проблеми и не им беше дозволено да полетаат.
Утрово авионот конечно полета, но само кон Минхен за да го замени екипажот, па потоа Баварците конечно ќе тргнат по патот до Доха.
Our departure for Doha for the FIFA Club World Cup was delayed by more than seven hours after being initially refused clearance to take off.
— FC Bayern (@FCBayernEN) February 6, 2021