Баерн Минхен ја победи Барселона со 2:0 во 2. коло од Лигата на шампионите.
Се гледаа огромен број шанси од двете страни, но на крајот беа постигнати само два гола и двата во мрежата на Барселона.
Со оваа победа Баерн излезе од малата криза што ја имаше во претходниот период во натпреварите од Бундеслигата каде имаше три нерешени нерешени средби.
По победата над Барселона, фудбалерите на Баерн славеа, а потоа во соблекувалната се појави директорот Оливер Кан.
Тој реши да му се обрати на тимот. Тој побара од нив да не паѓаат во еуфорија и добрата игра од натпреварот против Барселона да ја пренесат и на терените во Бундеслигата.
„Не треба премногу да славиме и да паѓаме во еуфорија. Видовте каков фудбал можеме да играме во одредени фази. Има уште многу каде можеме да се подобриме и да бидеме подобри“, им порача Кан на играчите.
Директорот на Баерн ги потврди овие зборови и додаде дека пораката е сега да не застанат против нешто послабите противници.
Им кажав дека победата е многу повредна доколку биде потврдена. Тоа значи дека треба да победат во Аугсбург“, истакна Кан.
Легендарниот Кан ја презеде функцијата директор на Баерн во летото 2021 година и многу успешно го води тимот покрај претседателот Херберт Хајнер и Хасан Салихамиџиќ.
Со години играше за Баварците како играч. За гигантите од Минхен бранеше на 632 натпревари и со овој клуб освои се што можеше.