ФУДБАЛ

Фудбалерките на Барселона ја освоија титулата на спектакуларен начин

Фото: Soccer Football - Women’s Champions League - Semi Final - Second Leg - FC Barcelona v Chelsea - Camp Nou, Barcelona, Spain - April 27, 2023 FC Barcelona players celebrate with teammates after the match REUTERS/Albert Gea - UP1EJ4R1GCC8V

На четири кола пред крајот на сезоната и по 26 одиграни натпревари и 26 победи, фудбалерките на Барселона во неделата ја потврдија освојувањето на четвртата титула шпански првак.

И тоа на навистина спектакуларен начин.

На 26 натпревари, еден помалку од останатите одиграни, Барселона забележа 26 победи.

И има гол разлика +103! Барселона во досегашниот тек на сезоната прими само пет гола.

Девојките од Ноу Камп се во игра и во Лигата на шампионите откако во полуфиналето го исфрлија Челзи и сега го чекаат расплетот на дуелот помеѓу Арсенал и Волфсбург. На првиот меч беше 2:2, а за реваншот кој се игра во понеделник Емирати беше целосно распродаден.

Она што може да ги израдува сите во Барселона е фактот што во полуфиналето на Лигата на шампионите, токму кога е најважно, конечно по речиси една година во тимот се врати најдобрата светска фудбалерка Алесија Путаљас.

Барселона ја отвори сезоната со освојување на шпанскиот Суперкуп, а единственото натпреварување во кое нема да се бори за титулата оваа сезона е Копа дел Реј.