Фудбалерите на Барселона синоќа ја освоија својата 28-ма титула во шпанското првенство со победа од 2-0 над Еспањол на гости, а особено интересни сцени беа видени по последниот свиреж.
Пред натпреварот, челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик, поучени од негативното искуство од пред две години, одлучија играчите да не ја слават титулата на стадионот на Еспањол од страв од нови инциденти. Барселона и Еспањол се градски, но и идеолошки соперници, со оглед на тоа што едниот се залага за независност на Каталонија, додека другиот е лојален на шпанскиот крал.
— 🧑🏼🦲 (@user_17_11) May 15, 2025
Претходната титула, Барселона ја обезбеди на стадионот „Корнела“,на Еспањол. Играчите се собраа во центарот и почнаа да слават, а потоа навивачите на Еспањол влегоа на теренот и почнаа да се тепаат со нив. Сепак, синоќа, играчите на Барселона не ја послушаа наредбата и почнаа да слават, а Еспањол не можеше да гледа, па ги вклучија прскалките за да го наводнуваат теренот за да им ја расипат прославата. После тоа, играчите на Барселона почнаа уште повеќе да слават и да скокаат на теренот, што го изнервира тренерот Флик., кој практично ги истурка во соблекувалната.
