ФУДБАЛ

Фудбалерите на Барселона на необично место го прославија пласманот во финалето на Купот на кралот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа на гости го совладаа Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираа во финалето на Купот на шпанскиот крал со вкупни 5-4.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 27. минута, а токму тој на социјалните мрежи откри како и каде фудбалерите на Барселона го прославиле влегувањето во финалето. Торес на социјалните мрежи Х објави фотографија на која тој и неговите соиграчи се во мал базен на стадионот Ванда Метрополитано.

Повеќе од 10 фудбалери се собраа во базенот и заедно позираа на славеничка фотографија. Барселона ќе се соочи со големиот ривал Реал Мадрид за трофејот во Купот на кралот на 26 април на стадионот Ла Картуја во Севиља.