ФУДБАЛ

Фудбалерите на Барселона од срам побегнаа во соблекувалната кога слушнаа скандирања од навивачите на Реал

Вчера Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:1 во дербито на деветтото коло на шпанската Ла Лига.

Во првото овосезонско Ел Класико, Кралскиот клуб успеа да го совлада лутиот ривал пред своите навивачи и да се реваншира за поразот од минатата сезона кога Барселона победи во Мадрид со убедливи 4:0.

Вчера, Реал Мадрид успеа да победи со 3:1 против тимот на Барселона, кој делуваше целосно без знаење во поголемиот дел од натпреварот.

За Чави ова мора да биде уште еден огромен удар по двоен пораз во Лигата на шампионите од Интер и фактот дека на Барселона и треба чудо за конечно да се пласира во нокаут фазата од ова натпреварување.

Според се, Барселона оваа сезона ќе заврши на третото место и ќе игра во Лига Европа, што воопшто не беше план на клупските челници и јасно е колку се разочарани поради тоа.

Навивачите на Реал Мадрид го искористија сето тоа за дополнително да уживаат во борбите на Барселона за време на натпреварот, но и по него, бидејќи со своите скандирања ги принудија играчите на лутиот ривал што поскоро да побегнат во соблекувалната.

„Барса Лига Европа. Одите во Лига Европа“, извикуваа од трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ на сметка на играчите на Барселона.

Реал Мадрид сега е единствениот непоразен тим во шпанската Ла Лига и го врати тронот. Кралевите имаат три бода повеќе од Барселона, која очигледно е во голема резултатска криза.

 

ПОВРЗАНО

Ла ЛигаЛига Европа