Фудбалерите на Баерн моментално играат дома против Бохум во натпреварот од 5. коло во Бундеслигата.
Баварците одиграа фантастично прво полувреме по кое имаат убедлива предност од 4-0.
Домашниот тим поведе во 17 -та минута од натпреварот кога фантастичен гол од слободен удар постигна Сане.
Само десет минути подоцна беше 2-0, а овој пат мрежата на гостинскиот тим ја затресе Кимих.
Но, Баерн успеа да постигне уште два гола до крајот на првото полувреме и се чини дека прашањето за победникот е решено.
Во 32. минута домашниот тим одигра неверојатна контра и реши се со три потези, а голот за 3:0 конечно го постигна Гнабри. Погледнете ја контра и голот на Гнабри ТУКА.
Баварците стигнаа до четвртиот гол во 43. минута кога Лампропулос ја затресе сопствената мрежа.