Фудбалерите на Манчестер Јунајтед едноставно не знаат како да изведуваат пенали.
На гостивањето кај Норвич, упеаа да промашат два пенали во првите 45 минути, но за среќа сепак имаа предност од 0-2.
Првиот пенал, Тим Крул фати жива топка откако шутираше Маркус Рашфорд во 28-та минута, а само 15 минути потоа го одбрани ударот на Антони Марсијал.
Интересно е што ова е четврт промашен пенал оваа сезона во Премиер лигата за „црвените ѓаволи“.
Рашфорд промаши пенал против Кристал Палас и Пол Погба против Волверхемптон.
Интересно е што Крул е првиот голман кој одбрани два пенали на еден натпревар по голманот на Евертон, Мартен Стекеленбург против Сити во 2016 година.
Сепак Јунајтед на оваа средба успеа да стигне до три бода славејки со 3:1 на гостувањето кај Норвич.
Головите за гостите ги постигнаа Мек Томинај во 21. минута, Рашфорд по асистенцијата на Даниел Џејмс во 30. минута и Матсијал по асистенцијата на Рашфорд во 73. минута.
Почесниот гол за домаќините го постигна Онел Хернандез во 89. минута.
Јунајтед сега се наоѓа на 7. место на табелата со 13. бода но Шефилд Јунајтед кој е на 8. позиција, Борнмут на 9. позиција и Вест Хем на 10. позиција имаат исто по 13 бода.