Садио Мане очигледно би можел да го напушти Ливерпул ова лето.
Мане дојде во Ливерпул во летото 2016 година од Саутемптон и се покажа како големо засилување. Сенегалецот веќе неколку сезони е најдобар играч на „црвените“, а израсна во навистина голем играч.
30-годишниот фудбалер има договор со Ливерпул на уште една година и одбил можност да ја продолжи соработката, па наводно има намера да го промени клубот летово.
Се шпекулира дека Мане веќе им соопштил на соиграчите дека си заминува, а во последно време најмногу се поврзува со трансфер во Баер. Иако Ливерпул се надева на останување, се чини дека тоа нема да биде така.
По поразот во финалето на Лигата на шампионите, навивачите на Ливерпул и вчера имаа одличен пречек на играчите кога се вратија дома, а Мане беше во центарот на вниманието.
Додека останатите играчи на Ливерпул уживаа во пречекот и покрај поразот од Реал Мадрид, лицето на Мане покажа дека нешто не е во ред. Сенегалецот беше тотално отсутен и речиси не се ни смееше додека се возеше со автобус низ улиците на Ливерпул.

Англиските медиуми сметаат дека веќе е очигледно оти Мане си оди, а на него вчера се виде дека е тажен што заврши една ера, но едноставно сака нов предизвик во кариерата.