Британското издание на „Телеграф“ објави информации за бонусот, кој ќе го добијат играчите на Манчестер сити во случај на победа во Англиското првенство и во купот.
Како што се наведува, за „хет-трик“ тимот ќе добие повеќе од 15 милиони фунти како бонус. Претходно, Сити веќе го освои Лига купот.
Тимот се бори за титулата шампион на Англија, а исто така стигна до финалето од ФА купот каде што ќе игра со Вотфорд.
Вечер од 21 часот Сити се среќава со Лестер во 37. круг од Премиер лигата.