ФУДБАЛ

Фудбалерите на Монако воодушевија со потегот во тунелот по пласманот во финалето на Купот

Монако, предводен од клупата на хрватскиот селектор Нико Ковач, се пласираше во финалето на Купот на Франција.

Монако славеше со убедливи 5:1 против четвртолигашот Румили Валиерес, па за шест дена ќе се бори за трофејот со ПСЖ на „Стад де Франс“.

Очекуваната победа на Монако, кој игра одлично оваа сезона под водство на Ковач, а покрај тоа, играчите на тимот од Кнежевството ја воодушевија француската јавност со уште еден одличен гест.

По натпреварот против тим пониската лига, играчите на Ковач направија линија во тунелот до противничките играчи, и ги поздравија и ги испратија со аплауз.

На овој начин им оддадоа почит на играчите на четврта лиги кои направија голема сензација со доаѓањето во полуфиналето на националниот куп.

“Честитки за противниците на овој натпревар. Тие одиграа добро, особено во првото полувреме”, изјави Ковач по победата и додаде:

“Му дадов комплименти затоа што играњето во полуфиналето на купот за клуб од четвртата лига е голем успех. Честитки, тие завршија добра работа. Тренерот Фатсах Амгар заврши добра работа. Му го кажав тоа. Тренерот е како мене, знам како се чувствува, за што мисли и колку сака да победи. Треба да се држиме заедно“.

Ковач го освои Купот на Германија пред три години откако го совлада Баерн со Ајнтрахт, па се надева на сличен подвиг оваа година на клупата на принцовите.