ФУДБАЛ

Фудбалерите на Наполи оваа сезона се уште немаат добиено плата

Се чини дека на трпеливоста на играчите на Наполи му дојде крајот!

Во последните неколку дена владее голема тензија меѓу играчите и управата на клубот поради неисплатените плати.

„Газета дело Спорт“ денес објави дека играчите на Наполи сè уште немаат добиено ниту една плата за сезоната 2020/21.

За да не ја изгуби контролата, Аурелио Де Лаурентис им вети на играчите дека ќе добијат платата до 1 декември со цел да изгасне можен „пожар“ во соблекувалната.

Патем, Наполи не е единствениот клуб од Серија А што доцни со исплатата на платите поради пандемијата на коронавирусите. ФИГЦ го одреди 1 декември како краен рок за исплата на платите.

ПОВРЗАНО

Серија А