Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во Памплона го играат 18-то коло во Ла Лига против Осасуна.
Фудбалерите на кралскиот клуб синоќа отпатуваа за Памплона, но не се одвиваше според планот. Поради снежната бура што го погоди Мадрид, играчите на Реал поминаа скоро четири часа во авионот, бидејќи пилотот немаше услови да полета од аеродромот во Мадрид.
Дури се зборуваше дека натпреварот ќе биде одложен, но потоа по скоро четири часа пристигна информација дека авионот може да полета и дека екипата покрај сè друго патува и за Памплона.
Тие пристигнаа на дестинацијата навечер, но незадоволството на играчите беше навистина големо. Многумина од нив не можеа да поверуваат дека авионот воопшто полета, па сите веруваа дека натпреварот ќе биде одложен.
Играчите на Реал се бесни на челниците на Ла Лига кои се чини дека насилно сакаат да се одржи натпреварот.
Ла Лига ги извести двете екипи дека натпреварот планиран за 21 часот ќе се одигра.
Исто така, играчите на Реал Мадрид нема да патуваат за Мадрид веднаш вечерва и ќе останат уште една ноќ во Памплона од безбедносни причини, а утре ќе патуваат во главниот град доколку се подобри состојбата во однос на временските услови.