ФУДБАЛ

Фудбалерите на Реал Мадрид денес одиграа „таен“ натпревар

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа „таен“ натпревар против Гетафе, и остварија победа од 6:0.

Ниту еден медиум немаше пристап до овој натпревар, а на крајот беа објавени само резултатот и стрелците, а во мрежата на Хетафе имаше дури шест гола.

Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а натпреварот се играше точно напладне на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Ѕвезда на натпреварот беше Бензема кој постигна четири гола, а Рамос и младиот Арибас додадоа по еден.

Бензема на тој начин ја продолжи одличната форма пред почетокот на новата сезона во која треба да има многу значајна улога во тимот.