Спортинг Лисабон се соочуваат со губење на многу ѕвезди по хулиганскиот напад.
Хулиганите влегоа во центарот за обука на Спортинг, ги искршија просториите и го претепаа напаѓачот Бас Дост, а настрадаа и уште неколку играчи и членови на стручниот штаб.
Тие, исто така, го нападнаа и голманот Руи Патрицио, потоа од Баталија, Вилијам Карваљо и Маркос Акуна.
После сето ова, фудбалерите на Спортинг одлучија да го напуштат клубот. Некои ќе станат слободни играчи и не сакаат да останат, што е разбирливо. Некои веднаш побараа раскинување на соработката и што е можно побрзо да го напуштат овој „пекол“.
Навивачите на Спортинг се незадоволни од тоа дека клубот не се пласира во Лигата на шампионите, а сето тоа се упропасти во последното коло против Маритимо. Претседателот, наводно, го суспендирал тренерот Жесус и неколку играчи кои планирале да го бојкотираат финалето на Купот против Авеш.