ФУДБАЛ

Фудбалерите на Тотенхем не можат да го издржат бруталното темпо на тренинзите, само еден од нив остана на нозе

Минатата недела фудбалерите на Тотенхем ги започнаа подготовките за новата сезона.

Тотенхем првите денови тренираше во Лондон, а потоа замина за Јужна Кореја каде ќе ги продолжи подготовките и ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Антонио Конте постави жестоко темпо на своите играчи на стартот од подготовките бидејќи сака да бидат максимално подготвени за стартот на новата сезона.

Англиските медиуми објавија фотографија по еден од тренинзите на Тотенхем на која речиси сите играчи на овој тим изгледаат исцрпени, а јасно е дека не очекуваа вакво жестоко темпо од италијанскиот стручњак.

Мирор објави дека речиси сите играчи биле исцрпени на самиот старт од подготовките, а само еден од нив не бил изненаден од темпото.

Станува збор за Иван Перишиќ, кој летово пристигна во Тотенхем и тренира без проблеми. Тоа најмногу се должи на фактот што Перишиќ работеше со Конте во Интер и очигледно знаеше каков тренинг режим го чека.

Двете најголеми ѕвезди на тимот, Кејн и Сон, неколку пати губеа сила за време на тренингот, па дури и одмораа пред да продолжат со вежбите.