ФУДБАЛ

„Фудбалерите треба да излегуваат на пијачка и во ноќни клубови“

Фото: LEEDS, ENGLAND - FEBRUARY 12: Marcus Rashford of Manchester United interacts with Erik ten Hag, Manager of Manchester United, following the team's victory in the Premier League match between Leeds United and Manchester United at Elland Road on February 12, 2023 in Leeds, England. (Photo by Gareth Copley/Getty Images)

Голема прашина крена случајот со Маркус Рашфорд откако во четвртокот вечерта излегол во ноќен клуб во Белфаст, а во петокот наутро пријавил во клубот дека е болен, што било познато со брзина на светлината и предизвикало многу негативни коментари.

Поради ова тој не тренираше со тимот, а Ерик Тен Хаг го изостави од списокот на играчи за гостувањето кај Њупорт во ФА Купот (4:2).

„Излегување на пијачка, излегување во ноќен клуб, тоа е нешто што секој фудбалер треба да го прави и ќе го прави. Значи немам проблем со ништо, треба да уживаат и да се релаксираат со другарите, тоа не е спорно. Но, тајмингот треба да биде вистинскиот“, изјави легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил за Би-Би-Си .

Не е првпат Рашфорд да прави слични проблеми. Навивачите на Јунајтед добро се сеќаваат и на минатиот октомври кога истата вечер кога неговиот тим беше убедливо поразен на „Олд Трафорд“ од градскиот ривал Сити со 3:0, тој беше снимен во центарот на градот како славеше роденден со пријателите.

Истото го кажав и во октомври по поразот од Сити“. Тоа е само прашање на избор и време. Тоа и самиот Маркус го знае, сега е искусен играч. Не зборуваме за младо момче, туку проблемот е што тоа го направи неколку пати во последните неколку месеци“, вели угледниот фудбалски аналитичар и коментатор.

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед минатата година е непрепознатлив оваа сезона. Тој постигна само четири гола, но Гери Невил му дава поддршка.

„Секогаш го гледав Маркус како одговорен играч, добар професионалец и некој кој напорно работи секој ден. Знам дека во моментов е во пад на формата. Треба само да се опушти, да се смири, да избере кога ќе излезе и да му се врати на фудбалот на нивото на кое знаеме дека може“.

Следниот натпревар Јунајтед го игра на гости кај Вулвс во четврток, а англиските медиуми чекаат да видат дали Тен Хаг ќе смета на него за тој натпревар.