ФУДБАЛ

Фудбалерот на Баерн дојде на тренинг во „погрешен“ автомобил, па даде бизарно објаснување

Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради бизарната казна што би можел да ја добие од неговиот клуб.

Коман пристигна на тренингот на Баерн пред неколку дена со неговиот скап Мерцедес, но тоа многу добро може да го чини бидејќи го прекрши правилото.

Имено, познато е дека Ауди е спонзор на баварскиот клуб веќе подолго време, и дека поседува околу 8,33% од акциите на Баерн и играчите, по правило, мора да доаѓаат во автомобили од оваа марка.

Баерн заработува околу 50 милиони евра годишно од Ауди и јасно е зошто сите луѓе се лути на Коман.

Билд вчера објави дека Французинот сигурно ќе биде казнет за овој пропуст, а се шпекулира дека казната ќе изнесува 50.000 евра. За него, ова не е прв пат да го прекрши ова правило бидејќи минатата година пристигна во Мекларен на тренинг, за што беше казнет и тогаш.

Коман сепак проговори и се обиде на бизарен начин да објасни зошто не дојде во Ауди на тренинг во Баерн.

“Би сакал да им се извинам на клубот и на Ауди што не дојдов на тренинг со мојот службен автомобил. Причината е оштетениот ретровизор на моето Ауди. Сепак, тоа беше грешка. Како откуп, ќе ја посетам фабриката Ауди во Инголштад еден час и ќе им дадам автограми на вработените“, рече Французинот.

https://twitter.com/Bayernology1/status/1371192229276966918