Голем број забрани поради пандемијата на коронавирус сè уште се во сила во повеќето европски земји.
Во Шпанија, забрането е собирање во групи, но се чини дека тоа не се почитува. Првиот што го нападна јавноста е напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ, кој пред неколку дена организираше скара за пријателите и за тоа сигурно ќе биде казнет.
Но, тој не е единствениот играч што ги прекршил правилата. Имено, денес шпанските медиуми објавија дека играчот на Барселона не ги почитувал правилата, а тоа е десниот бек Нелсон Семедо.
Португалецот ги прекрши протоколите издадени од шпанската влада минатиот понеделник со средба во ресторан со 20 други лица.
Пред тоа, Семедо не му кажа ниту на клубот дека оди на ваков собир, за што сигурно ќе биде казнет. Тоа го чинеше видео кое се појави на социјалните мрежи, а многумина веднаш го препознаа Семедо.
