Зимскиот преоден рок е крајно близок, медиумите често шпекулираат за трансфери од најголемите европски клубови.
Кога станува збор за Барселона, првиот фудбалер што ќе го напушти „Камп Ноу“ ќе биде Клер Тодибо, според „Мундо Депортиво“.
Ернесто Валверде веќе го отпишал 20-годишниот стопер и следна дестинација ќе му биде Бундеслигата.
Додека се очекуваше играчот на Барселона да заврши во најдобрите германски клубови, Баерн или Борусија, Тодибо ќе замине во Баер Леверкузен.
Младиот француски дефанзивец го бараа неколку клубови во Премиер лигата, но како што наведува „Мундо Депортиво“, Апотекарите беа најбрзи.
Тодибо има остварено само два настапи оваа сезона во победите над Гетафе (2-0) и Севиља (4-0).