Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој колабираше на теренот против Интер минатиот викенд, би можел да ја заврши кариерата поради срцев удар. Лекарите прават детални прегледи, добрата вест е што Бове ја напуштил интензивната нега и е префрлен на кардиологија, а сите резултати ќе бидат познати за еден месец.
Медицинскиот тим спроведува целосна дијагностика, дури и генетскиот код на Бове, во обид да разјасни зошто колабирал за време на натпреварот. Враќањето на терените, барем во Серија А, е голем знак прашалник, иако тој веќе изрази желба да се врати. Мала лузна на срцето на Бове била откриена при повторување на магнетна резонанца и лекарите истражуваат дали проблемот е подлабок, пишува Газета дело спорт. Сигурно е дека ќе му биде вграден дефибрилатор, чија цел е да предизвика струен удар на срцето во случај на фатална аритмија и со тоа да го „ресетира“ отчукувањата на срцето.
