Хуан Квадрадо изјави дека Јувентус е стабилен и дека Даниеле Ругани и Блез Матуиди се многу подобри откако излегоа позитивни за КОВИД-19.
Колумбиецот ги повика сите да ги спроведат правилата за да го спречат ширењето на невидливиот непријател кој досега однесе илјадници животи низ целиот свет.
„Ние сме мирни затоа што нашите пријатели Ругани и Матуиди се многу подобри и ги следат инструкциите од владата. Не сакам луѓето да го сметаат ова како лесна работа, во Италија ситуацијата е многу тешка“, рече тој за ЕСПН.
„Луѓето не веруваат во тоа, но бројките се зголемуваат од ден на ден, треба да ги преземеме неопходните мерки за ситуацијата во Колумбија да не стигне како во Италија“.
Италија е земја која е најпогодена од коронавирусот, со број на загинати повеќе од 4.000.
Околу 270.000 луѓе ширум светот се позитивно тестирани за COVID-19. Додека има пријавено над 11.000 смртни случаи.