ФУДБАЛ

Фудбалерот на Јувентус сака таму каде што никој не го сака

Зимскиот преоден рок започна и отпишаните фудбалери бараат излез и следнa дестинација во своите клубови.

Сами Кедира некогаш беше меѓу најдобрите играчи од средниот ред во светот, а сега нема конкретни понуди.

Кедира со месеци беше пречкртан во Јувентус, а искусниот фудбалер би сакал кариерата да ја продолжи во Англија.

Сепак, проблем за германскиот репрезентативец е фактот што нема конкретни понуди од Островот.

Кедира беше во Англија во минатото, тој беше предложен за Евертон и Тотенхем, но ниту еден од овие два клуба не сакаше да го ангажира.

Јувентус исто така би го поздравил неговото заминување затоа што ќе го ослободи буџетот од огромна плата од пет милиони евра. Сепак, Кедирa не го сакаат таму каде што сака да оди.