ФУДБАЛ

Фудбалерот на Јувентус во шок бидејќи мислеше дека мора да зборува на италијански јазик

Фудбалерите на Јувентус ја победија Болоња на домашен терен со 2-0 денес во натпреварот од 19-то коло во Серија А.

Старата дама успеа да поведе во 15-та минута со голот на Артур Мело, а конечните 2-0 во 71. минута ги постави американскиот репрезентативец Вестон Мекени.

Токму Мекени беше во центарот на вниманието по натпреварот бидејќи беше одлучено тој да даде изјава за печатот.

Мекени се појави пред телевизиските камери ДАЗН, но остана во шок кога новинарот започна да зборува на италијански јазик, а изразот на лицето стана хит на социјалните мрежи.

„Не грижи се, подоцна ќе ти преведам“, рече репортерот, а Мекени додаде: „Изненадувачки разбрав што зборуваше на италијански“.

ПОВРЗАНО

Серија А